Атрактивната манекенка Вера Хаган позира пред македонскиот фотографски тандем Ани и Дими во креации од колекцијата за есен-зима 2014 на италијанскиот бренд за долна облека Golden Point. За шминка и фризура на моделот беа задолжени Маја Саздановска и Бојан Сејменовски, соодветно. Сензуалноста никогаш не излегува од мода, а оваа есен брендовите за долна облека посветуваат особено внимание на креирање парчиња кои се во исто време секси, елегантни и модерни. Претставувањето на линијара за есен-зима 2014 на Golden Point, „Фешн Груп“ сезонава реши да го направи преку винтиџ приказна која зрачи со женственост и привлечност.
Така, имаме можност да видиме жена која открива свет на нежност и невиност, за потоа да се открие нејзината заводлива нишка, која нè води во една сосема поинаква мрачна и мистична димензија со примеси на бунтовност. На овој начин јасно се прикажани носечките трендови во колекцијата есен-зима 2014 на Golden Point – во однос на боите присутни се нежните и неутрални нијанси, но исто така и есенските тонови како бордо и темно зелено. Секогаш актуелната црна боја е речиси незаменлива кога станува збор за долна облека, без разлика дали се работи за едноставен или дизајн декориран со многу тантела. Еден од сезонските трендови кој се пренесува и кај долната облека е пепито дезенот и неговите варијации – сетовите долна облека со ваквото дезенирање имаат дополнителен ефект, кој ги прави задолжителни парчиња за оваа сезона. Материјалите кои доминираат во колекцијата природни и удобни, а проѕирното и тантелата долеваат неизбежна доза на раскош и елеганција.
Golden Point е ланец на продавници посветен на модерни, динамични и заводливи жени. Најдобрите брендови за хулахопки, чорапи, долна облека и костими за капење ги задоволуваат потребите за функционалност и елеганција, а истовремено се во чекор со последните модни трендови. Во Македонија е од 2001 година.
Нема коментари