Колекцијата „Три“ на модниот дизајнер Андреј Ѓоргиевски Папаз која што беше неодамна претставена во Сараево како дел од големиот проект Europa Fashion Passpor, доби и свој мултимедијален едиторијал – видео и фотографии на кои работеше обемен тим за да се добие „филсмка“ визија на креациите. Колекцијата е наменета за сезоната есен-зима 2019/20 и има лимитиран карактер
-Оваа колекција претставува симбиоза на стилови од западни и источни култури, претопени во модна силуета адаптирана на нашето поднебје. Изобилува со елеганција и носливост, вбројува блузони и капути со кимоно и ранглан ракави, здолништа и панталони во широк крој и вечерни фустани. Токму овие пет дами ги избрав да бидат дел од овој мултимедијален едиторијал со една цел а тоа е моќно да ја пренесат пораката – вели дизајнерот Папаз.
Во видеото и фотосесијата се појавуваат петте манекенки Ангела Ѓоргиева, Бојана Нушкова, Евгенија Ризова, Маја Андоновска Илијевски и Катерина Кузмановска. За проектот работеше тим од професионалци, во режија на Батухан Ибраим, директор на фотографија Стефан Ѓоргиевски, музичката подлога е на Димитар Андоновски. Фотограф на проектот е Петар Тасевски, асистент на продукција, Александра Гатовска, додека асистент на камера Александар Котевски, за светлото се погрижи Никола Ѓоргиевски. За изгледот задолжение беа Ксенија Вангеловска шминката и Ајтен Алиевска за фризурата.
-Целиот едиторијал се снимаше и фотографираше во НУ Народен театар Битола, и би сакал да изразам благодарност до нив, како и до НУ Центар за култура-Битола, ФДУ Скопје и Горан Трпчевски – додава Папаз.
Нема коментари