Во чекор со светскиот тренд за создавање на одржлива мода, шпански бренд „Зара“ ја претстави новата линија Join Life. Еко-колекцијата е направена од т.н. Refibra – рециклирано влакно настанато од стар памук, а дел од моделите се од рачно рециклиран полиестер. Кроевите се трендовски. Понудени се блузи со ракави со нагласен волумен и набори, корсети, маички на едно рамо, комбинезон со гол стомак, блузон со патент на ракавите, здолниште со копчиња, како и џемпер со отвори. Креациите се кежуал, но со универзална употеба во повеќе комбинации и за различни временски услови, а главна каректеристика им е лежерноста и удобноста.
Нема коментари