Ако познатиот писател на научна фантастика Филип К. Дик праша дали андроидите сонуваат електрични овци, дизајнерката Ивана Кнез во новата колекција на нејзиниот бренд „Драма“ се занимава со темата дали андроидите може да се заљубат. Дизајнерката на накит и облека викендов прослави 5 години од постоењето на „Драма“ и откри новата фотосесија The Dream направена во футуристички стил со фотографот Жарко Чулиќ и со манекенката Ангелина Еулер.
-Најновата колекција е почетен приказ на долгогодишно истражување, тема која мене лично ме интригира уште од првиот контакт. Дали андроидите и хуманоидите ќе бидат во можност да развијат емоции и до каде ќе отиде технологијата. Првит приказ е повеќе ликовен, со текот на времето ќе се обидам скулптурално да навлегувам во темата. Ненаменска, експресивна и повеќе на мое лично задоволство, колкцијата работена во подолг временски период со специфични интервенции на рачен вез и комбинација на неочекувани материјали како на пример свила и пластика – објасни Ивана.
Манекенката Ангелина Еулер носи облека во пастелни тонови, еден модел е во ледено сребрена и сина боја. На одредени парчиња навезено е логото на „Драма“ во облик на мачка. Во однос на накитот забележуваме дека се вметнати бисерите, кои се препознатливи во нејзината работа, но и парчиња од метал и пластика. Манекенката изгледа како андроид благодарение на впечатливата пминка и платинестата перика.
-За финалниот изглед на едиторијалот беа задолжени Бојан од „Студио Бубе Ин“ и Небојша Пешевски. Фотографиите ги реализираше мојот петгодишен соработник Жарко Чулиќ со кого заедно прославуваме постоење на два бренда, „Драма“ и Zarko Culic Photography, и во кого имам безусловна доверба. Го заокружувме целиот процес со превкусните макарунси на Marfi Cake and Bakery, од каде за пригодата направија специјални макарунски со логото на „Драма“. Најголем новитет оваа година е редизајнот на веб страницата за што беше задолжен Петар Шокаровски. Мора да напоменам дека ова беше една од позначајните соработки во мојата кариера, што се виде и во финалниот производ – рече дизанерката.
THE DREAM
Облека и накит: Ивана Кнез
Фото: Жарко Чулиќ
Модел: Ангелина Еулер
Фризура Бојан (Студио Бибе Ин)
Шминка: Небојша Пешевски
Нема коментари