Со колекцијата Hybrid Vigor на Драган Христов од „Лудус“ се запознавме пред извесно време, кога таа беше провомирана во ателјето Just Because на Нина Симовска, која исто така соработуваше на неа, а ви ја преставуваме и фотосесијата со креациите од колекцијата. Фотографиите се направени во студиото на фотографот Жарко Чулиќ со кој „Лудус“ соработува веќе четврта сезона. Повторно за фризурата и шминката се погрижија Грацијела Ѓамоска и Елена Арсовска од студиото „Панаш“, а истотака модел беше Ана Калачоска. Стајлингот го изработи блогерката Мартина Неделковска.
-Следствено на насловот на оваа колекција Hybrid Vigor, парчињата ги преоѓаат границите на категориите вообичаени эа модата. Па така, панталоните стануваат здолништа, кошулите фустани… Игриво и типично эа работата на „Лудус“ како концептуална модна етикета, кроевите се надоврэување на започнати приказни и теми од претходните сезони, но овој пат се надополнети со дијаметралното (bias) кроење, асиметрични форми, како и контраст во боите, материјалите и текстурите – ни кажа Драган.
Hybrid Vigor e мини експериментална колекција во соработка со Нина Симовска, изработена за да ги претстави етикетите „Лудус“ и Just Because на интернационалниот фестивал на современа уметност „Паратисима“ во Торино, Италија.
- Учеството на овој саем ја поставува нашата работа на ниво на младите етикети, односно учесници на овој саем од Италија. Нè тера да размислуваме надвор од ограничувањата на локланиот пазар, како од аспект на техничка реализација на самите парчиња, така и од гледна точка на иновативност, оригиналност и порака на нашата колекција. Наиде на одличен прием како кај организаторите на модниот дел од овој саем, така и кај посетителите – изјави дизајнерот. (К.Т.)
Нема коментари