Инспириран од песната „Fade Away” на Susanne Sundfør, младиот битолски фотограф го сними истоимениот едиторијал со креации од Маја Нечевска. Станува збор за втората фото-приказна призлезена од курсот по моделирање, кроење и шиење на познатата креаторка Лили Кадинска, по таа со модните креации на самиот Видановски. Тој вели дека „преку нумерата Fade Away приказната еволуира во еден вид на игра на концептот на ескапизам, односно бегство од реалноста преку добра книга“.
-За „летачките” објекти што се појавуваат во секоја фотографија се инспирирав од делата на Фрида Кало. Истите ги воведов во сликите со цел да тие потсетуваат на домашна, романтична атмосфера, претставувајќи дека кога ние бегаме од реалноста читајќи дело, си создаваме свој замислен свет, кој некогаш може да премине во вистинскиот. Повеќето предмети се земени од мојот сопствен дом, давајќи му на едиторијалот една многу интимна, персонална димензија. Во моделите на Маја забележав дека претежно преовладуваат земјени бои, па решив фотосесијата да ја изработиме во природа. Облачното време совршено се вклопи во целосниот концепт, така што сакав сликите да имаат малку мрачно (но сепак романтично) чувство-вели Видановски.
Во улога на модел е самата дизјанерка, Маја Нечевска, а за фризура била задолжена Весна Стојковска.
Нечевска ни открива дека одамна има афиниет кон модата и креирањето облека. Почнала со дизајн на креации за себе, а курсот кај Кадинска ѝ е прва модна едукација.
-Модниот дизајн ме привлекува одамна. Конкретно, креирањето облека за мене претставува најубава професија … Уште како помала често знаев да дизајнирам парчинја облека и да ги направам самата, меѓутоа за жал немаш шанса за предходно било каква модна обука. Од менторката Лили Кадиинска неа научивме многу. Во текот на курсот направивме три базични кројки, а останатите парчиња беа по наш избор. Морам да кажам дека огромно задоволство да се работи со Лили, посебна благодарнот до неа за вниманието и посветеноста на нас како курсисти . Што се однесува на креациите што ги дизајнирав, може да се каже дека немав посебна инспирација, идеите доагаа онака спонтано, но сепак мислам дека имаше добар резултат -вели таа.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари