Поттикнат од горливиот проблем со загадениот скопски воздух дизајнерот Горан Костовски Ind.o.g во период од 2014 до 2017 ќе содаде стотина илсустрации, дел од нив неодамна беа изложени во галеријата „Акантус“ именувани под поставката „Емоции за еден град“. Оваа „изложба за подобро утре“ покрај илустрациите кои го коментираат загадувањето на воздухот во Скопје со ПМ10 честички, авторот откри и капсулна колекција на дуксери со мотиви од самите илусрации. Дуксерите го имаат и препознатливиот знак Celebrate Life, платформа на Ind.o.g под која тој од 2011 година креира дизајнерска унисекс облека.
Пралелно со изложбата се реализира и фотосесијата „Емоции за еден град“ – Зелени бели дробови! 2019 снимена на улиците на Скопје со Мила и Симон, а фотографираше Марко Монс. Илустрацијата отпечатена на дуксерите е инспирирана од реална ситуација од секојдневието и го коментира загадувањето на воздухот во Скопје со ПМ10 честички кои што во изминатите десет години е од два до четири и пол пати повисоко од граничните вредности пропишани од ЕУ за квалитет на воздухот.
Илустрациите нека ни пробудат освестување и анажирачки дух, податоците сивото и загадено скопски секојдневие се жални и загрижувачки, но зад пораките на Ind.o.g има надеж, природа, прогрес и славење на животот. Тој испраќа импулс за повеќе радување, танцување, смеење и како што вели „Да се движиме и размислуваме во насока на подобри денови“.
Каков град сакаме е прашање неразделно сврзано со прашањето кон каков вид на општествени врски, однос со природата, начин на живот, технологии и естетски вредности се стремиме.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари