Драматичните креации инспирирани од емоциите од колекцијата Dedicated кои што дизајнерот Мите Занов премиерно ги претстави на модна ревија во Скопје минатиот декември, сега доби и своја фотосесија. Манекенката Магдалена Георгиевска (Моделс ин) позира во авангардните и структурални креации на Занов пред објективот на Христијан Младеновски, шминката е на Миа Арабаџиева, за фризуара се погрижи самиот дизајнер, а во стајлингот вметнат е накитот на L – handmade accessories and jewellery. Оваа колекција привлече внимание веднаш по ревијата и се најде на насловната страница на спиесанието Unique, а дизајнерот Dedicated успешно ја претстави и на ревија во родното Валандово.
Нема коментари