Британската манекенка Еди Кембел се појавува во мини филмови за пролетно-летната колекција накит на познатиот бренд „Тифани“. Фокусот е ставен на линиите Tiffany T и Atlas, а преку една верзија од црно-белите промотивни видеа сработени од страна на Даниел Џексон, манекенката го опишува Њујорк со свои зборови додека ги претставува парчињата накит на брендот роден во Њујорк во 1837 година.
Нема коментари