Модниот магазин Vogue ѝ даде GoPro камера и задача да сними како изгледа еден нејзин ден додека трае модната недела во Њујорк. Па преку нејзиното видео следиме почетокот на вчерашниот ден со настап на телевизија во емисијата „Добро утро, Америка“, подготовки за ревија во бекстејџ, настап на ревијата на Каролина Херера… Бурен понеделник! Карли заедно со својата најдобра другарка, пејачката Тејлор Свифт, е на насловната страница на мартовскиот број на Vogue US, а заедно снимија и моден едиторијал.
Нема коментари