Шведски бренд H&M го круниса францускиот студент Еди Анемијан за победник на изборот за најдобар дизајнер. Дваесет и четиригодишниот студент на La Cambre се претстави со 18 комплетни изгледи. Креациите се создавани изминатите четири години, а се инспирирани од актерката Тилда Свинтон во филмот „Јас сум љубов“, и францускиот сликар Енгр. Моделите се рачно изработени и ја следат силуетата на телото.
Тие се своевидни мозаици од повеќе материјали, стилови и слоеви, рачно изработени и сошиени, со соодветно избрани бои и форми. Неговата комплексна работа го одушеви жирито на изборот, меѓу кои беше и модната уредничка на Vogue, Серена Худ.
-Кога ги замислувам силуетите, сакам истовремено да ги носат 20-годишните девојки и жените на 45 години. На ум ми се женствени дами кои преферираат квалитетни и класични модели, но исто така профаќаат и нови идеи и ризикуваат носејќи ги. Моите креации можеби изгледаат строго и имаат во себе нишка иснпирирана од високата мода, но ако погледнете одблиску, ќе забележите дека тие имаат груба текстура и растргната ткаенина. Ова е естетиката што ја сакам, моделите да бидат достапни и удобни за носење-изјави Анемијан.
Победникот покрај учетвото на Mercedes Benz модната недела во Стокхолм, ќе добие и 50.000 евра и можност за пламан на негови креации оваа есен во 12 земји каде што има продавници H&M.
Нема коментари