Модни, музички и филмски ѕвезди се појавуваат во новата екокампања на британската дизајнерка Вивиен Вествуд. Меѓу нив се Џорџ Клуни, Тери Џонс, Тери Гилијам, Џери Хол и нејзината ќерка Џорџија Меј Џегер, Сафрон Бароус, Крис Мартин од „Колдплеј“ и Палома Фејт. Тие носат бели маици со Земјата претставена во форма на срце, а врз нејзе стои натписот „Спасете го Арктикот“. Седумдесет и две годишната креаторка за „Дејли мејл“ изјави дека своите верувања за заштита на околината ќе ги интегрира во нејзината работа. Во новата работа етика на Вествуд ќе биде и намалуање на бизнисот. Таа верува дека масовното производство влијае врз климатските промени. Фотокампањата за „Гринпис“ ја сними Енди Готс.
Нема коментари