Удобност, едноставност и практичност, се трите нешта што ќе ви ги каже речиси секој маж доколку го прашате што бара во модата. Размислувањата се делат на половина кога ќе почнат да набројуваат како ги комбинираат моделите. Едни се класични и се придржуваат до традиционалните споеви на парчиња, а други, чиј број сè повеќе се зголемува, прават похрабри миксови. Втората група на мажи осознале дека ново не значи и неудобро, непрактично и сложено. Комбинацијата на џемпер со различни видови на плата е еден од најуспешните обиди да се спојат кежуал со бизнис-изгледот. Ова не е само стилски полн погодок, туку и многу практичен начин истовремено да бидете подготвени за деловен состанок, и за незадолжително дружење со пријателите.
Многумина имаат дилема при изборот на палтото во ваквата комбинација. Нема да згрешите ако се одлучите за потемен или подебел модел, од твид, кадифе, волна, филц, или некој покрут штоф. Во опција се сите есенски и зимски нијасни: сива, кафена, црна, темноцрвена, темнозелена, темносина… Избегнувајте ги пастелните бои и летните модели, кои нема да изгледаат убаво врз џемперите. Но затоа пак нежнорозовите, сини, портокалови и жолти плетени блузи, пуловери и џемпери се во игра. Оваа по малку ретро-комбинација е омилена на блогерите и веќе долго време се применува во уличната мода.
На машките модни недели во Лондон и во Милано, деновиве, модните куќи како „Фенди“ и „Мисони“ дадоа свои видувања за комбинирањето на палто (блејзер) со џемпер. Во колекциите има и шарените џемпери, модели со копчиња и со патенти. Под нив може да носите еднобојна маица или кошула, во зависност од пригодата. Тие може да на ѕиркаат под џемперот, а со тоа и да му дадат нов имиџ на целосниот стајлинг. Не плашете се на оваа повеќеслојна приказна ѝ додадете и кравата или пеперутка.
Оваа комбинација е попрактична за во есенските и пролетните денови,комбинирана со шал и капа, но може со соодветна широка јакна или капут да се носи и во зимските денови. Една од најтоплите и удобни комбинации за мажите што се во движење дел ден. Некои наместо џемпер може под палтото да облечат и потенок блузон или памучна блуза со долги ракави. Симпатичен е спојот со фармерки, но поеднакви добро стои со класични панталони. (A.Н.)
Нема коментари