Се сеќавате на долната облека со деновите во седмицата што ги носевме како мали, ама и како не толку мали!? Истиот концепт италијанската дизајнерка Алберта Ферети го приемни на плетените џемпери во нејзината колекција за предесен 2017. Џемперите со имињата на деновите многу брзо станаа модно парче што го носи секоја влијателна блогерка и уредничка. Блогерката Кјара Ферањи ја сака розовата „понеделник“ верзија, Гилда Амбросио сивиот „недела“ џемпер, а Ана Дело Русо во својот стил комбинира неколку различни модели на џемперот.
Џемперите на Алберта Ферети имаат едноставен изглед, но доаѓаат во различна боја и со различен ден во неделата испишан во предниот дел. На модната писта таа ги престави и со посвечени креации, како долги здолништа од тантела, но добрата страна е што ова парче може да се комбинира буквално со сè – со фармерки, со шик панаталони, со елегантни здолништа, во минималистички или во максималистички стил.
Нема коментари