Џемперите и блузите со пруги се класика во модата и сакаме да ги имаме во нашата гардероба. Веќе неколку сезони популарни се моделите кои се пошироки и оние со патент во горнот дел. Најчеста варијација се оние џемпери со црно-бели пруги, со тоа што линиите можат со различна ширина. Како заладува веќе размислуваме за потоплапа облека што ќе ја носиме претстојната сезона, а џемперот со пруги е секогаш добра идеја и предвидуваме дека ќе биде актуелен и оваа есен. Лесно се вклопува во сечиј стил, се комбира со фармерки или широки панталони, под сако или мантил, со балетанки или мокасини.
Нема коментари