Со кожени панталони како модната уредничка Емануел Алт, со елегантно палто, молив-здолниште или со свилено кимоно, дуксерите повеќе не се само спорстко парче облека, туку сега може да ги комбинирате со луксузни модели и да ги носите и во посвечени пригоди. Дуксерот стана популарен пред неколку сезони, но сега на сосема нов и полуксузен начин доминира на уличната мода, а може да се сретне и на посвечени настани.
Нема коментари