Холандската манекенка Дуцен Крос утрово на својот профил на „Инстаграм“ објави црно-бела фотографија на која е гола (сосема пристојно) и со меше, со што не информира дека чека второ дете. Покрај фотографијата таа напиша: „Ова не е #throwbackthursday (на социјалните мрежи актуелен е овој термин кој значи дека четврток е ден за објавување стари фотографии), ова е сега. Среќни сме да споделиме дека чекаме бебе“. Супермоделката од 2009 година е во брак со познатиот диџеј Санери Џејмс со кој го има тригодишниот син Филон Џој.
Нема коментари