Холивудската актерка Дру Баримор промовира колекција во соработка со онлајн сервисот за продажба Amazon. Станува збор за линија на облека и накит наречена Dear Drew. Amazon на својот профил за мода на Инстаграм престави и видео, во кое глумицата ги носи клучните креации и комбинации од колекцијата.
Моделите се женствени, практични со бохо и ретро романтична нишка. Прилагодливи се за секој дел од денот и не се врзани со сезона или одрдени трендови. Може да ги носат различен тип на жени од повеќе генерации. Преовладуваат пастени тонови, меки кроеви и удобни материјали. Покрај облеката понудени се и парчиња накит, меѓу кои се издвојуваат масивните обетки. Креациите од Dear Drew чинат од 28 до 240 долери, а може да се нарачаат онлајн преку Amazon.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари