Во последниве години се појавија нови и современи верзии на техники на шминкање, како стробинг, „печење“ со транспарентна пудра, употреба на селотејп за попрецизно нанесување, хроминг, и контрурирањето како најпопуларен тренд во шминкањето. Но сега една техника на шминкање од почетокот на 80-тите го превзеде приматот на контурирањето – драпирање (draping), која се однесува на обликување на лицето со помош на руменила во интензивни бои. Се сеќавате ли на изгледот на Мадона, манекенките, но и модата кај нашите девојки во 80-тите кои беа нашминкани со јако розова боја, a со руменилото ги нагласуваа дури и слепоочниците? Овој стил на шминкање се враќа, со тоа што во новата верзија интензивноста на руменилото е доста намалена.
Техниката draping има богата традиција која почнува во гламурозните и луди 70-тите, а најпопуларна е во 80-тите години. Ја осмислил Веj Бенди, легендарниот шминкер кој работел со Елизабет Тејлор, Мадона, Дајана Рос, Шер. Идејата е со еден производ – руменило во поинтензивна боја, да се нагпласат образите и да се освежи изгледот на лицето. Драпирањето создава природен сјај на лицето, навидум едноставниот стил бара умешно нанесување, но секако е полесна техника во однос на контурирањето. Внимавајте, не треба да добиете кловновски изглед, туку совршено нагласени јаболчници. Од боите може да се употребат ефектни розови и корални тонови, или посмирени и потопли нијанси на праска. Оние со посветол тен најдобро е да одберат розови и праска нијанси, додека руменилата од раскошната палета на црвената добро изгледаат кај оние со потемен тен.
Дизајнерот Марк Џејкобс во својата нова козметичка колекција понуди повеќе бои на руменила за кои се инспирираше токму од неговиот пријател Веj Бенди кого го смета за првиот celebrity шминкер. Неговата линија Air Blush Soft Glow Duo содржи руменила во две бои и е соодветна за драпирање како начин за нагласување на лицетото со помош на руменило и создавање ефект на скулптуриран сјај на образите.
A post shared by Z&Tbeautytrends (@ztbeautytrends) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари