Рис Витерспун влезе во водите на модниот дизајн со својот бренд Draper James во кој се негува стилот од југот на САД од каде што таа потекнува. Сега актерката претстави и линија наменета за жени кои носат поголеми конфекциски величини. Всушност Draper James се здружи со брендот Eloquii кој специјализира мода со плус-величини, и ја лансирaа лимитираната линија која содржи 30 стилови со поголеми величини. Draper James x Eloquii колекцијата се базира на летни фустани, гингам-шара, бели кошули со пуф-ракави, како и впечатлив комбинезон со тропска шара.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари