Доколку сакате со вашата кежуал комбинација да бидете забележителни и уникатни, фокусот ставете го на горниот дел од облеката носејќи впечатлив топ. Во комбинација со вашите омилени фармерки, здолниште или шорцеви изберете бохо-кошула, блуза со голи балон ракави, модел со карнер, или пак со шара со силен тон.
По театралниот камбек на карнерите и блузите голи рамена минатото лето, оваа година приказната продолжува со нови разиграни парчиња. Покрај класичните бели и светло сини кошули и маички, ова лето во понудата на high street брендовите се креациите и со сино-бели пруги, каро, цветни везови, плисе и тропски принтови. Кроевите се подраматични, и освен карнерите во делот кај ракавите, сега дизајнерската игра продолжува долж целиот модел. Карнерите се со различни димении на двете рамена, кај некои има и дополнителен дел на врзување.
Се среќаваат и блузи со едно рамо, на кој акцент е ставен со голем карнер, панделка или цвет, а има и модели со проширување под линијата на градите, со што се дава воздушест ефект на моделот. Бохо-кошулата може да биде со реси, ретро или цветен вез, транспарентни делови и со лелав дизајн. Може да направите своја, нова дефиниција на т.н. сладот топ, со романтична кошула или блуза со повпечатив крој.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари