По повод одбележување на почетокот на соработката на модното студио „Драма“ на Ивана Кнез со Anabella парфимерии, во петок, 16 февруари, од 17 до 19 часот ќе се одржи дружење со дизајнерката во парфимеријата на Anabella во Skopje City Mall. Веднаш по завршувањето на работните обврските посетете го настанот на кој ќе ги запознаете новите Lovecats MUA производи на „Драма“.
Секој купен Lovecats MUA производ ќе биде персонализиран со рачно насликан детаљ од Ивана Кнез. Исто така, во текот на овие два часа ќе можете да се дружите, да разговарате со Ивана и да дознаете повеќе за Lovecats MUA. Ќе може и да добиете make up совети, корисни трикови и консултации од Васе Доковски (VD Make Up). А козметичкиот бренд Clarins ја поздравува соработката на Anabella парфимерии и „Драма“ 20 попуст на своите производи.
Дрескод на настанот?! Црвен кармин!
Нема коментари