Напроти она што на прв поглед се чини, она како публиката тоа го доживува, модните ревии не се само забавни претстави за да се анимираат потенцијалните купувачи, туку пред се начин да се импресионираат модните новинари (оние кои треба да ги пренесат впечатоците), но исто толку и т.н. баери (набавувачи), оние кои бират, на крајот и одлучуваат што публиката ќе носи. Се разбира затоа е неопходно тие да се оние кои треба да бидат најблиску до презентираното, во првиот ред. Но во последниве две децении првиот ред доживуваа конституирање на свој сопствен идентитет. Култот на првиот ред денес е институција во модниот свет која понекогаш може да го засени и самиот дизајнер. Познатите личности се дефинирани како бесплатана реклама за модната куќа, и во последниве неколку сезони таа ситуацијата во релацијата ѕвезда-дизајнер драстично се измени со форми кои на секој дизајнер му овозможуваат дополнителна популарност. Со години приоритет го имаа познати актерки, пеjачи и холивудската аристократија која на еден или друг начин била поврзана со дизајнерот.
Ноторниот прв ред го измисли покојниот Џани Версаче, модерниот татко на она што денес се нарекува Fashionshow. Но звездената прашина највеќе ја распрашуваше Марк Џејкобс, чии ревии во Њујорк беа врвот на општествениот живот на источниот и западниот брег на САД. Токму Њујорк станува мегаломанска ѕвездена писта на која слетуваа познатите желни за глобален ПР, со претставници од медиумите од цел свет на едно место. Оваа бизнис-трансакција има свои норми и строги правила. Ѕвездите се појавуваат во облеката на дизајнерот, потоа раскажуваат исклучително за најдобриот дизајнер на свет и така целиот однос има конкретна економска смисла. Нивната фотографија ја гледа цел свет, а дизајнерот заработува ловорики какви ниту еден ПР не е во состојба да ги плати. Но смената на власта настанува во моментот кога дизајнерите сфаќаат дека можат и самите да бидат ѕвезди.
Најпрво камерите во почетокот на 90-тите беа насочени кон супермоделите, потоа кон крајот на таа декада дизајнерите требаа да се натпреваруваат кој ке добие нови, славни пријатели во првиот ред за да макотрпно го дочекаат моментот кога ќе се истакнат во прв план, а во првиот ред ќе седат само внимателно одбрани, медиумски обожувани пријатели. Со откритието на масовните дигитални платформи кои на секој дизајнер му oвозможува со помош на блоговите, „Твитер“ или „Фејсбук“ да ја лансира својата персона во прв план, сепак модната заедница одлучува да направи своевиден егзодус на преголемиот број на ѕвездени личности. Во таа игра на истуркување самоуверено учестуваат и модните инсајдери кои преку ноќ стануваат ѕвезди во сопственото право. Се разбира, повторно благодарение на волшебните дигитални алатки и поокуражените блогери кои од личностите како Ана Винур, Карин Ројтфелд, Стивен Клајн или Ана Дело Русо како и цела војска на модни моќници сега уживаат во новата медиумска младост. Но овој пат до звездите овој пат не е послан баш со рози.
Тука не станува збор за естетска протетика на егото туку за супер лепак кој ја држи модната индустрија на купче. Секоја сезона уредниците се среќаваат со своите колеги од цел свет, договараат соработки и се коментираат разни случувања. Со тоа концептуално, општествено, но и економски првиот ред си го оправдува своето значење.
Првиот ред е строго дефининирана форма која се почитува до секој посебен детаљ. Почетокот на првиот ред го сочинуваат славните модни фотографи, влијателните главни уредници, познатите светски стилисти. Средината на првиот ред e резервирана за сопствениците на компанијата која ја поседува куќата, најмоќните главни уредници на светот, највлијателните купувачи на стоковните куќи, познатите фаци кои се блиски пријатели на дизајнерот или пак, заштитни лица на првата линија или некоја козметичка линија. Крајот на првиот ред е за најбогатите приватни купувачи, младите девојки од богатите аристократски семејства, креативните директори на оргиналните концептуални дуќани. Во вториот ред се наоѓаат исто така моќни гости: уредници, купувачи и општествени протагонисти кои се од круцијална важност за дизајнерот. Семејството и пријателите настапуваат дури зад третиот ред заедно со останатите смртници. А правилото вели: ако седите во еден од трите први реда , тогаш сте во игра. Затоа не е никаков проблем кога почитуваните модни критичари, уредници или помалку славните личности се сместени во втор ред. Напротив, тој ред во хиерархијата на модата овозможува неодолив ефект на „кул екипа”.
Со првиот ред без било каков преседан управуваат директно дизајнерот и неговата прес служба која мазно на влезот ќе ја одбие било која славна личност која не е на листата на одбраните од страна на дизајнерот. Исклучоци постојат на ревиите како што се оние на „Шанел“ и „Диор“ кои собираат преку три илјади поканети и го трансформираат целото шоу во глобално случување каде има четири први редови – еден резервиран за Европа, друг за Азија, трет за Америка и четврт за Франција и остатокот од светот. Сепак, често се случува битни поканети како што е уредникот на британскиот „Гардијан“ да седи во трет ред, но и таа ситуација поминува без било какви его-проблеми. Затоа Карл Лагерфелд ќе прати шампањ во хотелот и цвеќе на сите играчи кои биле сместени во четвртиот ред, иако според рангот го заслужуваат првиот.
Како тоа изгледа во домашни услови, сега откога е востановена регуларна модна недела спорд условите, можностите и околностите, е посебна приказна со посебна анализа.
Нема коментари