Секој кој е доволно едуциран околу дизајнерската облека ќе се согласи со изјавата дека дизајнерските марки доаѓаат со своја цена. Многумина плаќаат големи суми во желбата да поседуваат дизајнерска облека и нивната лојалност не е без причина. Дизајнерските аутфити даваат чувство за уникатност и ексклузивност. Исто како што славнитесекаде низ светот ги поткрепуваат нивните омилени брендови привлекувајќи постојано внимание, слично и секој кој поседува дизајнерска марка се поистоветува преку облеката со елитната класа . И кој не би уживал во восхитот кој некого го прави посебен и вонреден.
Ако гледаме на модата како на уметност, тогаш дизајнерската облеки се креации на уметноста. Од тука доаѓа и нивната висока вредност. Затоа се тие скапи и посебни и даваат гаранција дека се некаков вид на уметничко парче, па и покрај тоа што цените се чинат превисоките тоа е голем пазар на луксузни добра. Луѓето се подготвени да потрошат пари на дизајнерска облека која ќе им поткрепи посебен идентитет во општеството. Квалитетот на материјалите, извонредните дизајни, идеалното пасување и удобноста се она што ги привлекува да ги купат. Дизајнерските облеки се олицетворение на последната мода. Настрана од интенцијата да се биде со стил и поразличен, има тука и други фактори кои ја чинат дизајнерската облека скапа. Облеката со потпис се изработува така да пасува совршено на телото и да биде воедно и удобна за носење. Колку што се изработува во помал број толку и цената е повисока. Цената исто така зависи од материјалите кои се изработуваат. Квалитетните материјали се она што се подразбира.
Она што исто така треба да се разбере е како дизајнерските парчиња се создаваат, шијат и каков финиш им е даден. Облеката која е конструирана машински ќе биде помалку скапа и побрзо изработена. Како и да е, рачните изработки на облеката се поскапи, и за нив е потребно повеќе време и умешност во изработката. Дури и изработката на шевовите одлучува за трајноста а со тоа и за вредноста на облеката. Професионалецот од висок ранг ќе го продаде својот финален продукт кога е совршено финиширан и тука секој детал си има своја цена. Бидејќи дизајнерските парчиња се скапи и ексклузивни подеднакво е важно и како тие ќе се пласираат. Кога се купува дизајнерски производ , тој доаѓа со името на брендот и тоа е привилегија во модниот свет. А луѓето уживаат во носењето на дизајнерска облека која ќе ги разликува од другите.
Секоја индивидуа си има своја сопствена причина поради која е подготвена да плати висока цена за купување на облека со дизајнерски потпис. Некои ќе одберат поединечен бренд поради совршената прилагоденост на сопствените потреби и удобноста од високо квалитетните материјали и или пак ексклузивните дизајни. За други, тоа може да е само главна причина да го покажат своето богатство и завртат внимание. Како и да е, дизајнерските продукти станаа статусен симбол на припадност на привилегиранa група која вклучува познати личности,влијателни луѓе и лидери на светот.
Постојат многу дизајнерски брендови кои се успешни и се многу барани. Неколку имаат заземено позиција да бидат најскапите и најпочитувани поради својата луксузност, стил и исклучителност.
„Шанел“ го направи своето име меѓу првите модни брендови за богатите и славните. Тој има добиено наклонетост од елитните групи и останува статусен симбол на привилегирана класа . „Прада“, е италијански бренд кој испорачува модерни облеки и ги задоволува потребите на модните приврзаници низ целиот свет со своите извонредна услуга. „Прада“ е етаблирана и скап бренд кој мами многу холивудски ѕвезди со своите исклучителни линии на облека . Други најскапи брендови во првите десет се „Армани“, „Версаче“, „Диор“, „Фенди“, „Валентино“ и Марк Џејкобс.
Нема коментари