Со растење на екосвеста и потребата од сè поголема грижа за природата, се зголемува и трендот на т.н. Eco friendly облека. Иако во минатото под овој назив се подразбираше практична, „освестена“, но и не толку атрактивна на изглед мода, нештата се променети изминативе години. Сè повеќе модни куќи и дизајнери, како на пример H&M и Вивиен Вествуд, создаваат трендовски колекции кои притоа се пријателски настроени кон природата… Се направи и мит околку врендоста на овие колекции и често се има впечаток дека еколошките парчињата облека се поскапи во споредба со конвенционалната облека. Дали екомодата е скапа?
Денешните консументи во многу се свесни за потребата за заштита на околината како современ начин на живот. Од друга страна, исто така, човечка тенденција е секој да сака да изгледа убаво. Иако, консументите се свесни за концептот на природниот начин на живот, сепак очекуваат нивниот животен стил да одговара на нивните параметри, да биде соодветен на трендовите, но и на буџетот исто така. Еко-облеката е сè уште во фаза на зародиш па има потреба од поголема сума на пари и време за премин од конвенционална во органска култура. Исто така на производителите им требаат повеќе инвенстиции во машини за еко-облека.
Многу митови постојат во однос на одржливо дизајнирана облека и додатоци , првиот е во тоа дека тие се премногу скапи . Еко-облека и додатоците се супериорен квалитет, но тие не се произведуваат масовно . Кога дизајнерите се обидуваат да дојдат до еден производ кој ќе биде од корист на животната средина и живите суштества, цената на органски и еко- пријателски суровини се потврдува како поскапа.
Суровините кои се користат во правењето на еко-облека обично се засадени и собрани на едно место. Потоа тоа се праќа во фабрика за обработка , за да се преработи во предиво. Ова предиво се транспортира до фабриката каде што се вткајува во ткаенина, која потоа се носи да се обои во бојаџилница. Потоа ткаенина е испратена до производителот, кој со дизајнерот подготвува шари за облека, ја крои и шие облеката. Финалниот производ потоа се пакува и е достапен во продавниците за потрошувачите. Во секоја држава, тоа вклучува работната сила, кои е платена за овој ангажман.
Еко-материјали обично се поскапи и тоа се должи на фактот дека масовно производство не се практикува во моментов. Органски памук е достапен само во ограничени количини. Овие ткаенини се бојат на начин кој предизвикува помалку или никакво влијание врз животната средина , како и на човечка кожа. Дополнителна обработка која се применува за избегнување на опасните хемикалии го прави сето тоа поскапо. Процесот на производство за еко-облека го прави комплетниот циклус многу поскап. Сите овие фактори се слеваат во цената на готовата облека зголемувајки ја цената на еко-облеката. Иако на крајот на потрошувачот добива она што го сака, сепак оди вон рамките на буџетот.Еко-облека е многу добро изработена , и има подолг животен век релативно во однос на конвенционалните ткаенини. Дизајнери, кои создаваат шари за ова облека, треба да дојдат до точката да се направи дизајнот безвременски, така што понатаму останува дел кој е главен во гардероба на потрошувачите за многу години. Производителите треба да се фокусираат на изработка на аутфити кои се модерни, но по профатлива цена. Овие понуди треба да бидат достапни во што повеќе продавница за облека,низ сите сезони,постојано.
Како што потрошувачите ја разбираат и прифакаат важноста на еco friendly облеката, побарувачката за екомодата и други помагала се зголемува. Со зголемување на побарувачката, повеќе компании се вклучуваат во овој процес , правејќи цената на суровините да се намалуваат. Со зголемена конкуренција, конечната цена на производите , исто така, ќе оди надолу , во корист на крајниот потрошувач . Слоганот ” нека биде зелено ” не е само се занимава со поврзани активности зе влијанието на животната средина, но исто така, доведува до позитивни промени во нашите желби и потреби.
Нема коментари