Ова ретко се случува во модата – еден дизајнер да е заштитно лице во кампања на друг дизајнер. Како што на „Инстаграм“ објави Рикардо Тиши, креативниот директор на модната куќа „Живанши“, Донатела Версаче која што пак е креативна директорка на „Версаче“ ќе се појави во кампања на бренд што не е нејзин. Рикардо во текстот под црно-белата фотографија на која е заедно со Донатела, вели:„Неверојатно сум горд да ја претставам мојата нова икона Донатела Версаче. Очекувајте нови информации за есенската кампања на „Живанши“.“ Фотографијата е на двоецот Мерт и Маркус, а стајлингот на Карин Ројтфелд. Донатела на својот профил на „Инстаграм“ му се заблагодарува на својот талентиран пријател Рикардо и вели „Заедно ќе ги скршиме границите на модата.“
Нема коментари