Една од најважните дизајнери во историјата на американската мода Дона Каран се повлекува од функцијата главен дизајнер на модната компанија што ја основа заедно со сопругот во 1984 година. Од 1996 година компанијата е на берза, а денес најголем дел од акциите се во сопственост на огромниот моден конгломерат LVMH. Дизајнерката што создаде модерен систем на облекување за огромен број успешни деловни жени, ќе остане „близок советник“ во компанијата, како дел од договорот со LVMH, но најмногу ќе се посвети на нејзината нова компанија и фондација Urban Zen.
-Заедно со LVMH ja донесoвме оваа одлука по многу разммислување. Стигнав до точката во мојот живот кога сфатив дека треба во потполност да се посветам на Urban Zen и да ја следам мојата визија за филантропија и трговија со фокус на здравствена заштита, образование и заштита на културите. Ова е вистинско време да се повлечам, сигурна сум дека Donna Karan International има светла иднина и силен тим – изјави Дона Каран.
Засега DKI нема да бара замена за Каран на позицијата главен дизајнер на главната линија, и ќе ги суспендира модните ревии и претставување на нова колекција на неодредено време. Фокусот ќе биде ставен на втората линија DKNY и на франшизните производи.
Нема коментари