Модната дизајнерка го продава дел од својот имот на Карибите, приватен ресорт што самата го нарече The Sanctuary, а се наоѓа на островот Перот Кеј во склоп на Туркс и Каикос, и тоа за фантастични 40 милиони долари. Дизајнерката во 2002 година купи имот на островот на кој изгради неколку градби во стилот на урбана зен естетика и холистички минимализам за 21-от век. Имотот има главна куќа и спа-вила, која останува во сопственост на дизајнерката, додека се продава другиот дел од приватниот ресорт кој содржи две гостински вили со по четири спални соби кои имаат панорамски поглед на околината и океанот, еден гостински павилјон со дневни соби и огромна кујна, базени, јога студио и простори за релаксација и медитација.
Нема коментари