Луксузната куќа во која актерката Мишел Вилијамс живееше со својот партнер Хит Леџер се најде на продажба по цена од 7,5 милиони долари. Ѕвездата на „Мојата недела со Мерилин“ го купи домот во Бруклин во 2005 година со тогашното момче, Хит Леџер, кој почина три години подоцна. Изминативе неколку години Вилијамс живееше во оваа куќа со нивната ќерка Матилда. Станува збор за објект изграден во 1915 година, со шест спални соби, четири бањи, камин, три гаражи, градина на кровот, а има дури и водопад.
Нема коментари