Урбаниот и модерен стил, што го негува дизајнерката и некогашна ѕвезда на реалните шоуа, Лорен Конрад, е пресликан во нејзиониот дом во Беверли Хилс. Во репортажата што InStyle ја направи од нејзиниот пентхаус за октомврискиот број се гледа современ стилски допир, но и винтиџ елементи и бохо-детали, купени од ретро-продавници. Станот изобилува со впечатливи бои и микс од стар и модернистички мебел. Посебно одушевува нејзиниот луксузен ормар исполент со многу облека и модни детали.
Вели дека отсекогаш била прврзаничка на женственоста, па ја применила и во нејзниот дом, каде што сега живее со својот тазе сопруг Вилијам Тел, со кој се венча неодамна. Признава дека во однос на вкусот за уредување на домот доста се разликуваат со сопругот. Тој сака мажествен и модерно уреден простори, додека таа би се задоволила со розвои, бели и златни елементи. Таа романтичност ја има применето и во своите работни канцеларии, за кои пишувавме неодамна.
Нема коментари