Познатата холивуска актерка и во последно време успешна деловна жена, Џесика Алба, ја отвори вратата на својот нов семеен дом во Лос Анџелес. Таа заедно со децата Онор, Хевен и Хејс ја пречека екипата на Architectural Digest и ја прошета низ нивната куќа во која се вселиле пред неколку месеци Џесика и нејзиниот сопруг Кеш Ворен оркако ја купиле куќата во Беверли Хилс, ја реновирале подолг период, а за уредувањето го ангажирале познатото дизајнерско студио Clements Design. Резултатот е ентериер во кој се мешаат модерниот стил и ретро дизајнот, а целиот амбиент е топол и прилагоден за ова петчлено семејство.
Нема коментари