Удобен, шарен и со силен личен печат е домот на главната дизајнерка на Chloé, Клер Вејт Келер, сместен во Париз. На прв поглед е како стан од каталог за мебел, но во основа е микс од стари и добро зачувани винтиџ парчиња. Уреден е со парчиња мебел и украси од различни декади. Има интересни елементи од 60-тите, 70-тите и 90-тите години, како кадифени столици, ретро метални ламби, италијанска фотелја за потпирање, стара дрвена маса, прекривки со етно-шари и други детали купени на пазар за парчиња од втора рака… Креативната директорка на францускиот бренд сите овие парчиња ги набавувала постепено, во различни периоди и од различни места, сите се со некаква приказна. Домот во себе го носи парискиот шик, но истовременое и е креативна семејна слика за една модна креаторка и архитект, кои во него живеат со своите три деца. Просторот е прилагоден за потребите на сите членови на семејството, и зрачи со топлина.
Нема коментари