Ѕирнете ја лондонската резиденција на славниот моден дизајнер Александар Меквин, која по 16-месечно реновирање ставена е на продажба по цена од 10 милиони долари. Куќата во луксузниот лондонски кварт Мејфер во која Меквин живееше сè до неговото самоубиство во 2010 година, и по реновирањето од страна на Пол Дејвис, е омаж на генијалниот дизајнер – има мала модна писта врамена со огледала и фотографии од ревиите на Меквин, а еден голем ѕид во дневната соба е прекриен со портрети на Александар и на неговите музи Изабела Блоу и Анабел Нилсон. Референци на мотиви со черепи кои се среќаваа во неговите колекции се вградени во огледалата на ѕидовите, а домот е уреден во колор-шема од црна, кремова и сребрена боја која е негов заштитен знак. Резиденцијата содржи и луксузни спални соби со сопствени купатила во кои доминира мермер, голема тераса на кровот, соби гардеробери, луксузен под од темно дрво и светкави кристални лустери.
Нема коментари