За повеќето кога ќе се споменат бели обувки најчеста асоцијација се невестинските чевли. Во уличната мода, пак, тешко е да се замислат други бели обувки освен патиките, кои изминативе неколку години се доста носени. Но од минатата есен голем трендовски чекор во секојдневната мода направија белите чизми до глуж со коцкаста потпетица, и моделот со шпицат врв и тенка штикла. Најмногу можеа да се забележат на улиците на Њујорк, а ги носеше и Викторија Бекам, во комбинација со своите најнови модели. Оваа сезона доста се носат и кожените модели во V-изрез, како и кломпа или влечка варијантите.
Иако можеби белата боја се доживува како поограничувачка, во однос на комбинирањето не само со тонот на облеката, туку и со стилот и природата на материјалите, трендсетерките покажаа дека, напротив, тие се доста флексибилни. Може да се носат и со целосно темен, сив или црн аутфит, но и со пастелните модели. Доста интересна комбинација е со црни хулахопки или мрежести модели, со џинс или со карирани парчиња. Претсојната пролет може да послужат како одлична база за свежиот сезонски изглед, со цветен принт и со нежни тонови на розова и сина. Се покаажа дека добар спој е и со сребрените креации како и со маслинесто зелените дизајни.
Нема коментари