Според повеќе експерти прочистениот работен простор овозможува повеќе концентрација, поради тоа дизајнерите на ентериер често предлагаат домашни канцеларии во минималистички стил. Лошата организираност и хаосот од премногу работи натрупани на бирото е првата грешка при работа, затоа е подобар чистиот и поедоставен простор, редот и уредноста, односно употреба на минималистички стил кој допринесува за максимум фокусираност на работата. Непотребните материјали, книги, документи и предмети складирајте ги во плакари, а на бирото оставете ги само најпотребните нешта. Секако, може оставете по некој декоративен елемент. Работниот простор нека биде светол и по можност опкружен со бели ѕидови. Во духот на минималистичкиот стил на уредување се и следниве примери на домашни канцеларии во кои доминира ред и отсуство на бои.
Нема коментари