Мирисот на ванила е примамлив и веројатно не постои нешто друго со толку пријатна мирисна нота. Ви предлагаме уште еден начин да уживате во ванилата, овојпат додека се релаксирате во вашето купатило и уживате во топла бања полна со пенлива купка во која е додаден и сладок мед. Наместо да ја употребите купката што сте ја купиле во парфимерија, предлагаме сами да го направите овој препарат. Потребни ви се малку труд, волја и вистински рецепт.
Состојки:
- 1 шолја бадемово масло
- ½ шолја мед
- ½ шолја благ течен сапун
- 1 лажица екстракт од ванила
Подготовка:
Ставете ги сите состојки по горенаведениот редослед во еден сад, најдобро во стаклена тегла. Добро измешајте ги сите состојки. Пред секоја наредна употреба на купката убаво протресете ја теглата. Оваа количина е доволна за 4 употреби. После купката препорачливо е се исплакнете со топла вода.
Карактеристики на купката:
Квалитетното масло би требало да ги опушти вашите мускули и да ги намали брчките. Бадемовото масло не остава никакви масни траги по телото и лесно се впива, па затоа е најдобар избор за домашна купка. Медот е природен хидратант со јако анти-бактериско дејство. Тој се користи како состојка во купката затоа што ја прави кожата понежна, чиста и сјајна. Течниот сапун е заслужен за пената на купката, а предлагаме да одберете сапун со нежен мирис.
Нема коментари