Енергични, ефектни и одлични за телото, следново видео нуди вежби за она што се нарекува HIIT, односно интервален тренинг со висок интензитет. Се состои од краткотрајни вежби за брзо топење на калории кои траат десет минути дневно, а според инструкторката Астрид Мекваер брзо се доаѓа до фит линија и тренингот е доста практичен за оние што не сакаат или немаат време да одат во теретана. Овие вежби го забрзуваат метаболизмот, ослободуваат од негативната енергија и ги топат килограмите. Резултатите ќе ги почувствувате веќе после неколку тренинзи.
Нема коментари