Беж мантилот е класика, безвременско парче кое е инвестиција во сечиј гардеробер и се носи секоја пролет или есен. Но, сезонава подгответе се ова класично модно парче да го видите во неочекувано долга верзија и со волуменозна форма. Кај дизајнерите и ѕвездите на уличната мода веќе некое време забележуваме издолжени стилови, а макси префиксот мантилите ќе го имаат и следната есен. Сега доминираат мантили со должина скоро до глуждот, или ако не преферирате толку долг модел, тогаш мантилот нека биде барем до средината на листот на ногата. Најчесто се носи заврзан, и тогаш главната улога ја имаат токму мантилот и обувките.
Во однос на обувките одговара со сè: патики, високи салонки, тренди чевли со V-изрез, оксфорд-модел на платформа, ниски мокасини, чизми до глужд, шпиц чевли, ниски и високи сандали… Комбинациите неретко се интересен микс на елеганција и лежерен стил со спортски елементи – елегантна бела кошула со скинат џинс, модерен сив костим и маичка со принт или лежерна облека во спој со скапа дизајнерска чанта.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари