Во најстудениот период од годината капутот е едно од клучните модни парчиња кој го носиме кога сме надвор, а потрагата по совршен капут е еден од стилските предизвици на секоја жена. Беж, кариран, крзнен, црн, минималистички, струкиран… постојат повеќе варијанти на оваа зимска облека, но ако ги следите трендовите ќе ви се допаднат долгите капути.
Оваа зима се носат капутите кои ја преминуваат должината на колената, некогаш се дури и со макси должина, а тренд се и волуменозните кроеви. Практично, но и стилско парче облека, освен должината, кај капутот го бираме кројот, бојата, составот на материјалот, со намера тој да се вклопи во нашиот стил. Долгите капути ги носиме во различни прилики, од дневни и лежерни, до вечерни и поелегантни, па при купувањето внимаваме да одбереме модел кој ќе ни одговара на сите потреби.
Дел до моделите што ги забележуваме последниве сезони се широките капути, со волумен и спуштени ракави кои малку не потсетуваат на модата од 80-тите. Предност на предимензионираните капути, освен тоа што се тренди, е што дозволуваат да облечеме повеќе слоеви на облека под него, што секако го практикуваме во зимските месеци.
Нема коментари