Новите благородници, деца на славни личности, познати милениумци и припадници на таканаречената генерација-Z се дел од новата кампања на италијанската модна куќа Dolce&Gabbanа. По успехот на промоциите на претходните колекции, брендот и за линијата пролет-лето 2018 најми нетипични, а сепак познати и атративни модели. Кампањата е снимена во Венеција, во препознатливо за Dolce&Gabbanа -драматично и раскошно опкружување во кое се поврзува традицијата, архитектурата и модата. Фотографиите ги снимија Лука и Алесандро Морели, а во улога на модели се јавуваат: Френки Херберт, Лаура Мареј, Кити Спенсер, Беа Фресон, Елеонора фон Хабсбург и Сабрина Перси. Тие ги носат колоритните модели со богати цветни принтови, срциња, карти, зеленчук, златни графики и црковни елементи, во спој со и впечатливи модни додатоци како круни, масивни обетки и ѓердани, брошеви и чанти.
Нема коментари