Дизајнерите Доменико Долче и Стефано Габана ја претстави новата алта мода колекција на спектакуларна ревија во Неапол на која специјална гостинка беше Софија Лорен. Колекцијата за есен 2016 од категоријата алта мода, пандан на француската haute couture, е посветена токму на легендарната актерка, на естетиката на италијанската мода и на животот на неаполски начин. Ревијата на Долче и Габана се одржа на отворено, на плоштадот пред црквата San Gregorio Armeno, каде униформирани помошници ги водеа гостите со нивните кадифени столчиња. Вечната муза на дизајнерите Софија, која иако е родена во Рим детството го помина во близина на Неапол, седеше на почесно место. Пред самата ревија оркестар ја отсвитири традиционалната неаополска песна Funiculi, Funicula, по што ревијата можеше да почне. Како и во секоја колекција, Долче и Габана направија нова интерпретација на италијанската мода и допреа повеќе теми како религија, барок, но и фудбал, претставувајќи богато украсени фустани, цветни кринолинести здолништа, плаштови и палта во еклектични шари, злато и вез, масивни украси за коса, но и фудбалски дресови извезени со имиењата на Софија и на фудбалерот кој своевреме играл за Неапол, Диего Марадона.
Нема коментари