Филмската легенда Софија Лорен деновиве наполни 81 година и како своевиден подарок доби кармин дизајниран од модниот тандем Долче и Габана наречен Sophia Loren N°1. Италијанската актерка исто така настапува во рекламната кампања за карминот опишан како светла нијанса на вишна-црвена, а е облечена во црн фустан од тантела и со накит од Долче и Габана. „Карминот Sophia Loren N°1 е наш начин да кажеме ‘Благодарам, Софија‘. Благодарам за убавината, за тоа е што е светски фаворит, икона на големото платно и пример за италијанска убавина. За нас таа е постојан извор на инспирација и денес ја славиме со подарок во вид на сопствен кармин“, велат дизајнерите Доменико Долче и Стефано Габана.
Нема коментари