Италијанските дизајнери Доменико Долче и Стефано Габана ја споија својата Долче и Габана естетика со Токио и цветовите на јапонска цреша на ревијата на својата нова колекција прикажана вчера во Националниот музеј во Токио. Колекцијата со предзнак алта мода (италијански пандан на париската haute couture мода), содржи стотина машки и женски комбинации, Јапонската цреша која имаше централно место на ревијата, беше отсликана во дезените, но и низ нијансите на облеката. „Во Јапонија не сме биле речиси 30 години, што е доста. Ова е специјална колекција наменета посебно за оваа земја, но исто така и за Италија. Таа го претставува нашиот замислен микс на овие две земји“, изјави Доменико за Vogue. Покрај директната инспирација и посвета, дизајнерското дуо избра претежно манекени од Јапонија. „Која е поентата да патуваме до тука и да прикажеме иста работа на ист начин како што би ја прикажале во Милано?! Ова е Јапонија и сакавме да покажеме почит према ова место“, смета Стефано.
Нема коментари