Италијанското дизајнерско дуо Доменико Долче и Стефано Габана во своите колекции оддаваат омаж на родната земја, на италијанската жена, темпераментот и животниот стил, во тоа расположение е и новата кампања за пролет-лето 2016 во која повторно се слави Италија. На живописните и колоритни фотографии се слави сè што е италијанско, направени се во типична италијанска сценографија, а моделите носат креации со цветен дезен, морнарски пруги и интересни принтови од пролетната колекција. Целата кампања раскажува едноставна приказна – мали продавнички, типична италијанска траторија, многу сонце, штандови со свежо овошје, шпагети, кафе, семејство, со еден збор Италија и многу љубов. Фотографиите ги наорави Дименико Долче
Нема коментари