Бог е во деталите! Ова многу добро го знаат Доменико Долче и Стефано Габана, кои се препознатливи по комплексните колекции. Нивните креации се мозаици од многу детали. Моделите не завршуват со уникатните парчиња облека, туку тие создаваат артистички додатоци, чевли и чанти како скултури, драматичен накит и луксузни украси за во коса. Колекцијата есен-зима 2014 /15, што викендов ја презентираа на Модната недела во Милано е продолжение на црковно-византиската приказна што ја почнаа со колекцијата за минатата есен. Овој пат модните крстоносци на „Долче и Габана“ носат витешки качулки, капути, бунди и фустани инспирирани од природата со апликации, рачно везени елементи, многу тантела, богат брокат и принтови. Присутна е и играта со религиозни симболи, барок, кич и уметност. Погледнете мал дел од богатството детали што ја дефинираат оваа женска колекција.
Нема коментари