Дизајнерското дуо Долче и Габана никогаш не креирале мода во минималистички стил, малку е веројатно дека сега драстично ќе ја променат естетиката. Ексресиовноста и колоритноста ја изразија и во новата колекција за пролет-лето 2021 прикажана вчера на Миланската модна недела, но отидоа и чекор понатаму со креациите со многу пачворк, принтови и бои.
Инспририрани од сицилијанските плочки и керамики, дизајнерите употребија пачворк принт како референца во новата колекција, како и разни шари и миксови на материјали, кои што ги вметнаа скоро на сите парчиња облека.
Колекцијата има и еколошки момент, односно Стефано и Доменико повторија некои од своите стари принтови и употребија стари неискористени материјали, и со тоа го поддржаа трендот на одржливост и екопријателска мода.
Нема коментари