Модната куќа Долче и Габана претстави креации од форматот алта мода, италијанси пандан на француската висока мода, а дизајнерите Доменико Долче и Стефано Габана се одлучија тоа да биде на физичка ревија во историската вила Бардини во градот Фиренца.
Колекцијата е инспирирна од италијанската ренесанса и 89-те комбинации се моден омаж на Фиренца. Доминираат цветни мотиви, богати онаменти, украси од коса од рози, фустани со кринолина, рачно работени плетива и украси.
„Инспирацијата дојде од 16 век и италијанската ренесанса“, велат дизајнерите Доменико и Стефано во изјава, и зборувајќи за локалните мајстори со кои работеле на создавањето на оваа колекција, тие велат: „Во овој историски период, шивачките – и особено занаетчиите од Фиренца – создадоа облека и додатоци со она што го имаа во нивните работилници, мешајќи различни материјали низ призмата на својата креативност, користејќи и комбинирајќи материјали, корали и скапоцени камења“.
Нема коментари