Социјалните мрежи уште еднаш ја покажуваат моќта да иницираат и прошират идеја, а дизајнерите Доменико Долче и Стефано Габана токму преку нив ја лансираа кампањата под ознаката #dgwomenlovemakeup, односно, жените на Долче и Габана ја сакаат шминката. За кратко време по повикот скоро 7.500 фотографии се објавени под овој хаштаг на „Инстаграм“, постирани од страна на обични жени од целиот свет кои се љубителки на нивната шминка и кои се фотографирале најчесто со црвен кармин и во стилот на естетиката на Долче и Габана. Идејата на дизајнерите да се прослави љубовта на жените кон козметиката од нивниот бренд, жени од различни раси, националности и возраст, а на секои 15 дена Доменико и Стефано ќе бираат најдобри фотографии. Секако, повикот важи за сите жени од целиот свет, по кој има идеја и ја сака шминката на Долче и Габана, нека постира сопствена фотографија.
Нема коментари