Документарниот филм за 93-годишната модна икона Ајрис Апфел премиерно ќе биде прикажан во киносалите во САД по 29 април. Деновиве е промовиран трејлерот на кој Ајрис се појавува со својот сопруг, Карл Апфел, како и Брус Вебер, Александер Ванг и Линда Фарго.
Од неколкуминутното видео се дознава дека Ајрис е првата жена што носела џинс, дека има можеби најголема колекција на винтиџ уникатни ѓердани, дека имала мало недоразбирање со Џеки Кенеди и дека иако никогаш не е ѝ биле битни забавите, ниту одењето на нив, секогаш е облечена како за таква пригода. Во една прилика ѝ било кажано дека никогаш нема да биде убава, но затоа пак, има нешто што другите го немаат – стил.
Таа важи за една од најмаркатите модни икони, со стил кој го негува и во својата 93та година. Сè уште се појавува на модни настани а често ја има и во модните кампањи. Инаку филмот ги сними режисерот Алберт Мејслес, кој неодамана почина на 88 година возраст.
Нема коментари