Карл Лагерфелд, Кара Делевињ, Силвија Вентурини и Џорџија Меј Џегер се само делод познатите модни имиња што се појавуваат во документарецот за брендот „Фенди“, Inside the Mothership. Станува збор за 15-минутен филм снимен за време на ревијата за колекцијата пролет-лето 2014 на оваа модна куќа , отворањето на бутикот во Милано, како и изложбата Making Dreams: Fendi and the Cinema.
Францускиот режисер Лоик Прижон, кој ги сними проектот, им го покажува на гледачите процесот на подготовка за шоуто, фитинг на креациите избор на стајлинзи и самата ревија. Материјалот е проследен со изјави од креативниот директор на „Фенди“, Лагерфелд и други видни лица во компанијата. Филмот, чие кусо најавно видео беше постирано деновиве екслузиовно на Style.com, премиерно ќе биде прикажан утре (5 февруари) на сајтот на „Фенди“.
Нема коментари